МАКЕДОНСКИ | ENGLISH

 

 

Ресурси

        Со цел квалитетно и навремено извршување на процесите на реализација на градежни услуги, КЕДИНГ располага со искусен инженерски тим , како и со висока технолошка опрема. Машините за фарбање Road Laser и Line Laser, WAKRA машините за сечење на асфалтни и бетонски површини и за залевање на пукнатини, машината за набивање столбчиња од одбојна ограда, HIAB дигалката монтирана на камион која служи за различни работни процеси, како и многу други машини за сечење, заварување и сл, се дел од опремата која ја користиме при различните типови на реализација на градежни услуги-изработка на сообраќајна сигнализација, санација на пукнатини, изработка и монтажа на просторна решетка и др. Освен тоа, заради потребите од транспорт на суровини и готови производи, користиме сопствени траспортни уреди, во кои се вклучени 2 камиона, 2 џипа, комбе и други автомобили. Материјалите кои ги користиме како инпути во процесите на реализација се со проверен, докажан квалитет, за кој секогаш бараме атести, а неретко и самите го испитуваме пред да отпочнеме со реализација. Вршиме редовна анализа и оценка на перформансите на добавувачите со кои соработуваме и во согласност со неа преземаме соодветни мерки за да ги коригираме или елиминираме слабостите што се јавиле во односот со нив.Со помош на планот за квалитет вршиме редовно планирање на разни типови на ресурси, со цел зголемување на обемот на работа и скратување на временските циклуси. Освен тоа, редовно вршиме и планирање на програмата за обука за нашите вработени со цел усовршување на нивната стручност.