МАКЕДОНСКИ | ENGLISH

 

 

Политика на квалитет

Со цел да постигнеме задоволство кај клиентите и подобрување на нашиот бизнис преку ефикасно управување на квалитетот, ние сме посветени на:

  • Развивање ефикасен и ефективен систем за квалитет и најдобри општоприфатени практики во управувањето на градежни проекти; систем што не само осигурува дека е постигнат квалитет на изградбата, но исто така, помага да се се сведат на минимум загубите во сите наши градежни фази.

  • Обезбедување градежни услуги со постојан квалитет, како и нивно постојано подобрување и развој во согласност со потребите и очекувањата на клиентите, како и во согласност со законските прописи

  • Подобрување на сите аспекти на нашиот бизнис преку рационализација на трошоците, скратување на производните циклуси и ефикасно користење на ресурсите.

  • Подобрување на нашите перформанси преку мерење, преиспитување и постојано подобрување на ефикасноста и ефективноста на процесите.

  • Усовршување на квалитетот на производот и услугите и зголемување на продуктивноста и профитабилноста преку постојано обновување на опремата и примената на нови технологии.

  • Обезбедување на пријатна, здрава и безбедна работна средина за вработените, со цел зголемување на нивното задоволство од работата.

  • Водење грижа за интересите на сите вработени, користење на нивната стручност и креативност, усовршување на нивните вештини и зголемување на нивниот придонес преку ефективна обука и преку унапредување на клима на меѓусебна доверба и тимска работа.

  • Избор на добавувачите врз основа на нивната способност целосно да одговорат на барањата на КЕДИНГ за квалитет на материјалите, и воспоставување долгорочни и коректни партнерски односи со истите.

  • Создавање и одржување добри партнерски односи со нашите подизведувачи, заради квалитетно изведување на работите и задоволување на потребите и барањата на клиентите.

  • Преземање соодветни мерки за минимизирање на влијанието од работните процеси врз животната средина и подигање на свеста за ефективна заштита на животната средина.


Сертификати

ISO 9001:2008
BS OHSAS 18001:2007