МАКЕДОНСКИ | ENGLISH

 

 

Историјат

    Друштвото „Кединг“ е основано од страна на управителот на Друштвото, Драган Кедиоски, во Скопје, во 1991 година. Искуството во работењето на посебни конструкции во градежништвото, патни железнички мостови, железнички станици, вијадукти како ново изградени конструкции, како и понатамошното искуство во санација на објекти во градежништвото, го усмерило Друштвото да продолжи во тој правец како специфичен и применлив во понатамошното работење.

    Со искуството во работење, со текот на времето се прифатиле нови системи на конструкции, како просторни решетки со широк дијапазон на примена во сообраќајот, во објекти, во конструкции и сл. Таквото работење му отворило пат на Друштвото да работи во странство-во Казахстан, Узбекистан, Ингушетија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија итн.

    Денес, основна дејност на Друштвото е проектирање и изведба во областите на градежништво: санација на мостови, хоризонтална и вертикална сигнализација, изведба и монтажа на челична конструкција и санација на пукнатини на асфалтни површини и други услуги во градежништвото.